„Пунктот ‘Пролет’ функционираше без телефонско закажување на принципот „прв дојден, прв услужен“. Го отворивме тој пункт бидејќи во месеците јули, август и септември имавме појава каде што луѓето закажуваат, а не се појавуваат на закажаните термини. Дали било организирано или политички мотивирано, не може да се докаже. Тогаш јас бев шеф на кабинетот на министерот Спасовски кој со раководството одлучи дека треба да отвориме еден пункт за Скопје бидејќи во остатокот од државата во процент од над 99% веќе граѓаните беа ги извадиле . Така се отвори пунктот ‘Пролет’.
Со доаѓањето на новиот министер, тој одлучи дека е тоа ужасно решение, го укина и ги врати повторно телефонските закажувања. Но денес граѓаните по седум – осум дена вртат телефони и не можат да закажат термин. Јас и тогаш бев, а и сега сум против укинувањето на принципот ‘прв дојден, прв услужен’ бидејќи сепак ја движеше работата, а сега имаме застој.
Најголемите гужви беа кога првично дојдоа над 170.000 граѓани наеднаш бидејќи сфатија дека одредени политичари ги лажат со тоа ‘никогаш Северна’ и обрзаа да ги сменат своите документи. Тогаш се создаде ден-два гужва во прием на документи кои ги издававме во законски предвидениот рок, донесовме и одлука дека ќе се носат на домашна адреса. И како што информирав пред некој ден, 95% од тие документи веќе се однесени на домашна адреса, луѓето се најдени и ги примиле своите документи. Повелете да проверите во МТВ на пунктот за издавање лични документи дека нема никаква гужва”, рече Бојмацалиев.
На прашање како оди сега процесот на закажувње Бојмацалиев потврди дека граѓаните во моментот се жалат дека повикувачкиот центар не функционира и дека секојдневно има барања пак да се врати пунктот во „Пролет“ со функционирање „прв дојден, прв услужен“.