четврток, 26 декември 2024

Бојкотот во училиштето Лазо Ангеловски е прекинат, учениците од утре продолжуваат со настава

Во основното училиште Лазо Ангеловски во Аеродром утре учениците ќе се вратат на настава. Бојкотот, кој траеше два дена, е прекинат по одлуката на Советот на родители во училиштето, кој го прифатил решението проблематичниот третоодделенец до крајот на првото полугодие да не ја следи наставата физички, туку онлајн.

Објавено на

часот

Сподели

За решение на проблемот Министерството за образование и наука (МОН) формираше комисија со претставници на Центарот за социјални работи, кои во наредниот период ќе ја следат состојбата и стручни лица ќе работат со детето со агресивно и асоцијално однесување, вклучувајќи го и неговото семејство.

Проблемот со ученикот се актуализираше по најавата тој да биде префрлен во училиштето 11 Октомври во Центар. Бојкот почнаа родители на децата што учат таму, па директорката ја повлече одлуката, а откако детето требаше да се врати на настава во училиштето Лазо Ангеловски, бојкот почнаа и во матичното училиште.

Во решавање на проблемот се вклучи и МОН.

Министерката Весна Јаневска минатата недела изјави дека секое дете има право на образование кое е задолжително и дека „детето не може и не смее да остане на улица“.

„Државата е должна, заедно со училиштата, да му овозможат на детето да поминува низ образовен процес. Министерството сериозно ќе се заложи да го реши овој проблем иако тоа не се негови ингеренции. Поголеми ингеренции имаат општините, педагошките служби, социјалните служби и управителите на училиштата“, рече Јаневска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ