Бахреин ГП не се одржа минатата година поради немирите во земјата и т.н. арапска пролет, која зафати поголем дел од арапскиот свет. Трката на патеката „Шакир“ и годинава е во календарот, закажана е за 22 април, но повторно е неизвесна.
„Ќе подготвиме кампања со која бараме Ф1-тимовите и возачите да се подготват за бојкот. Владата сака да има трка со цел да испрати порака дека во земјата сè е нормално“, вели Набил Раџаб, потпретседателот на Центарот за човекови права на Бахреин.
„Јас се надевам дека сите ќе ја почитуваат нашата желба и дека нема да има трка“, додаде тој.
Од друга страна, Берни Екелстоун минатиот месец објави оти се надева дека трката за разлика од лани ќе се вози на „Шакир“.