сабота, 27 јули 2024

„Бојата на времето“ нов роман од Стојмир Симјаноски

Објавено на

часот

Сподели


За основа во романот Симјаноски  зел една од многуте легенди за Александар Македонски, а тоа е легендата за неговата потрага по бесмртната или живата вода, додека за појдовен постулат е земено присутното прашање во научната фантастика: дали човекот е сам во Вселената и на Земјата? Но дејството не го лоцира во локални или национални рамки, ниту во одредено историско време, иако во најголем дел приказната е современа или пак футуристичка.
Стојмир Симјаноски (1937, Кичево) е автор на повеќе од петнаесет книги, меѓу кои шест романи со теми од историјата на македонскиот народ, а од кои се издвојува трилогијата романи на ајдучка тема „Синови на горите“, „Третиот завет“ и „Вратата на сонот“. Потоа, четири романи од жанрот на научната фантастика „Ацела“, 1977, „Ќерката на ѕвездите“, 1985, „Двојната Ева“, 1990, „Лицето на самовилата“, 1991, три збирки раскази „Чесно дрво“, „Фаќачи на вампири“, „Моите три животи“, збирката радиодрами „Самовилски извори” и современите романи „Евангелието на трите самовили“ и „Камена веда“, како и научнопопуларната книга-студија за НЛО „Мит за сите времиња“. Во некои енциклопедиски изданија за научната фантастика во поранешна Југославија, Стојмир Симјаноски беше сместуван во водечките писатели на Балканот од овој жанр.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ