петок, 26 јули 2024

Бојан Стојаноски: Партизација на Груби на целиот сектор на игри на среќа

Изразуваме огромна загриженост што првата седница во 2024 година е седница на Комисијата за европски прашања на која што најголем приоритет во оваа година наместо низа на закони кои што се од оние антикризни мерки и кои што би требали да го подобрат животот на граѓаните е ставен законот за игри на среќа, нормално со европско знаменце, изјави пратеникот Бојан Стојаноски во име на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Објавено на

часот

Сподели

 

„Уште на самиот старт сакам да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Обнова за Македонија ќе биде против ова законско решение бидејќи е уште едно од низата законски решенија во кои се злоупотребува европското знаменце.За овој закон, но и за низата такви кои што беа донесени со европски знаменца имавме и критика во Извештајот на Европската комисија, а и директно австрискиот претседател критикуваше, зошто ваков закон се носи на еден ваков начин.

Исто сакам да ја потсетам јавноста дека претседателот Стево Пендаровски на 11 декември изјави дека доколку овој закон биде поднесен со европско знаменце тој нема да го потпише, па очекуваме да си стои на ставот што самиот го искажа.

Покрај злоупотребата на европското знаменце, овој закон има и низа одредби кои што се многу спорни бидејќи се врши партизација на целиот сектор на игри на среќа во кои што главни играчи се ДУИ, Артан Груби и вработени во неговиот кабинет.

Со овој закон се обидува да се легализира сето она што е направено токму од овој господин во изминатата една година во која што се потпишани четири лиценци и се изработени четири одлуку со кои што три онлајн лотарии и една видео лотарија добија можност незконски да работат и токму затоа го брзаат овој закон преку кој што ќе треба да го легализираат сето она што е направено во една година во оваа насока.

Исто така ова брзање на овој закон кој што треба да ги покрие незаконитстите во овие одлуки и лиценци за кои како што кажав се доделени на фирми во кои што во нивните управни надзорни одбори се лица кои што се вработени во кабинетот на Артан Груби и еден контроверзен бизнисмен од Бугарија кој што е ставен на американската црна листа. Тоа е Васил Бошков за кој до ден денеска не слушнавме никаков демант од Артан Груби и од Владата дека леценците кои што се доделени не се за фирми кои што се во негова сопственост.

За таа цел пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Обнова за Македонија поднесе 10 суштински амандмани изготвени во соработка со асоцијацијата од овој сектор. Ние сметаме дека еден ваков важен закон треба да се донесе инклузивно и во дебата со сите чинители, а не да се кријат под превезот на одалечување на коцкарниците од училиштата бидејќи во овој закон има суштински одредби кои директно одат во насока на доделување на лиценци на фирми кои што се блиски до ДУИ и Артан Груби.

Доколку се искрени во намерата да ги дистанцираат коцкарниците од училиштата тоа можат да го направат со амандман на членот 10 на постојниот закон и тоа да се регулира. Повторувам, Законот за игри на среќа поднесен со европско знаменце во ваква скратена процедура во Собранието е директно во корелација на бизнис интерес и на партизација на целиот сектор ДУИ, Артан Груби и директно ќе служи за нивно лично богатење, а не за заштита на населението од овие појави во овој сектор“, рече Стојаноски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ