Богоев потврдува дека нов шеф на мобилната Царина е Методиј Теодосиевски, кој доаѓа наместо Благоја Крстевски. За Крстевски, како и за многумина раководители во царината во периодот кога со неа раководеше претходната директорка Славица Кутирова, во кулоарите се шпекулираше дека се исклучително блиски до Игор Милев, кој важеше за директор во сенка на оваа институција иако формално ѝ беше само советник на Кутирова.
Промена има и на шефовските места на речиси сите гранични премини. Со најфреквентниот, оној на македонско-српската граница кај Табановце ќе раководи Емилија Трајковска. Игор Јолевски пак е нов шеф на битолската царинарница, а смена на раководните позиции има и кај одговорните за граничниот премин Блаце.
Со моќната скопска царинарница ќе шефува Мелиха Панева, која досега била помошник директор на секторот за акцизи. Нејзиното место ќе го преземе началничката на Одделение за алкохол, алкохолни пијалоци и тутунски производи Весна Змајшек.
Смена, како што вели Богоев се направени и на раководните позиции на Царинските испостави Скопје 1 и Скопје 2.