сабота, 27 јули 2024

Богоев и Петров ги искараа новите пратеници на СДСМ, треба да дискутирате, а не да се сликате

Андреј Петров од СДСМ и Стефан Богоев, негов сопартиец и можен кандидат за претседател на партијата, денеска, независно еден од друг, упатија жестоки критики на новите пратеници на социјалдемократите за нивниот молк на денешната конститутивна собраниска седница.

Објавено на

часот

Сподели

Петров за ТВ Сител изјави дека му било срам што ниту еден од пратениците на неговата партија денеска не зборуваше на конститувната седница на која Африм Гаши беше избран за претседател на Собранието.

„За жал, срам ме изеде од однесувањето на СДСМ на денешната седница, затоа што никој не стана и не кажа збор. Опозицијата треба да биде конструктивна, но работата на пратеникот во парламентот е да зборува на говорница. Што му е работата? Ако некој нема намера да зборува на говорница, место да поднесува оставки од партиски органи, нека поднесе оставка од пратеничкиот мандат“, изјави Петров.

Стефан Богоев на својот фејсбук-профил напиша дека пратениците треба да дискутираат, а не да молчат и да се сликаат.

„Пратениците треба да знаат дека се избрани од народот за во Собрание да аргументираат и дискутираат, а не да се сликаат и да молчат. Особено на седници на кои се формира владејачко мнозинство и се избира претседател на Собранието. СДСМ треба да има конструктивна, но пред сѐ корективна и проактивна улога во Собранието, Тоа мора да биде така од самиот почеток. Во спротивно, други партии ќе го преземат опозицискиот простор“, напиша Богоев на својот Фејсбук-профил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ