Атланта го доби мечот со 113-101, а на две минути пред крајот на мечот се случи инцидент во кој главната улога ја имаше српскиот кошаркар кој вообичаено важи за мирен човек, Богдан Богдановиќ.
Тој во наплив на бес најпрво фрли едно шише со вода, а потоа стана од клупата и почна вербален дуел со својот тренер.
По крајот на мечот двајцата дадоа смирувачки изјави делејќи комплименти и велејќи дека нивниот однос е одличен.