петок, 24 јануари 2025
Изјава на министерот за транспорт и врски

Бочварски: Синохидро има и рок и фронт за работа, ако побараат ќе имаме средба

Доколку претставници на кинеската компанија  Синохидро побараат средба секако дека ќе ја реализираме. На техничко ниво се одржуваат и реализираат средби. Важно е дека компанијата има се уште рок за реализација и до 31 декември имаат и рок и фронт за работа, за да продолжат со работа на трасата Кичево – Охрид, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и нагласи дека со стручна анализа ќе се дојде до политичка одлука.

Објавено на

часот

Сподели

Одговарајќи на новинарско прашање Бочварски при посетата на Неготино, наведе дека Синохидро во изминатиот период биле во координирана комуникација со имнистерството, Јавното претпријатие за државни патишта и со сите подизведувачи во насока на решавање и расчистување на сите прашања, коишто се отварале во текот на изградбата. 

Според Бочварски, без да се прави политички притисок, туку со стручна анализа ќе се дојде до најдобарата политичка одлука за завршување на автопатот.

Поддршката на ФИДИК експертот за автопатот Кичево-Охрид, како што појасни, ќе биде во насока во кој правец треба да продолжи државата за завршување на овој проект. Експертите кои Јавното претпријатие за државни патишта дополнително ќе ги ангажира ќе бидат во насока на најдоброто можно решение за свлечиштата и косините, што се реален и голем проблем на голем дел од трасата на автопатот Кичево-Охрид.

„Ова значи дека по утврдување на сите овие правци, коишто ќе произлезат од стручни лица, без притоа да се прави политички притисок, туку со стручна анализа ќе дојдеме до најдобарата политичка одлука, којашто ќе ја донесеме и за завршување на автопатот, но и за за тој автопат да биде безбеден, сигурен за патување на граѓаните“, рече Бочварски. 

                                Фото: Еден од многуте увиди во градежни работи

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ