четврток, 16 јануари 2025

Боцевски на доделување на награда на Мартоњи, поранешниот министер за надворешни работи на Унгарија

Амбасадорот Ивица Боцевски, кој е специјален претставник на Владата на Македонија при унгарското претседателство со Советот ба ЕУ, вчера присуствуваше на доделувањето на наградата за граѓанска Унгарија за 2024 година, во организација на Фондацијата за граѓанска Унгарија (Polgári Magyarországért Alapítvány). Оваа година лауреат е Јанош Мартоњи, поранешен унгарски министер за надворешни работи и професор по правни науки. Пофално слово за Мартоњи одржа унгарскиот премиер Виктор Орбан кој што подоцна му ја додели наградата.

Објавено на

часот

Сподели

На маргините на настанот Боцевски разговараше со унгарскиот премиер Виктор Орбан и заедно заклучиле дека се сведоци на највисокиот историски врв на македонско-унгарските односи.
„Сите земји од Западниот Балкан беа третирани како полноправни земји-членки на ЕУ за време на унгарското претседавање со Советот на Европската Унија. Исто така, за следната година Унгарија веќе ја подготвува новата средба на Стратегискиот совет за соработка помеѓу двете земји чија што прва седница се одржа во септември во Охрид, во организација на премиерот Христијан Мицкоски. Заклучивме дека следната година допрва ќе сведочиме на нови дострели на македонско-унгарските односи, во економската соработка, политиката, културните врски, како и во сите други сфери. Воедно, Унгарија ќе продолжи да биде мотор на македонската европска интеграција и тие сметаат дека нашата земја одамна заслужи да стане полноправен член на европското семејство“, напиша Боцевски на својот фејсбук-профил.
За време на обраќањето, лауреатот Мартоњи се присети на неговата соработка и со македонските политичари за време на неговите мандати како министер за надворешни работи на Унгарија, а посебно се присети на неговите тогашни колеги Антонио Милошоски и Срѓан Керим, како и на амбасадорот Дарко Ангелов. Мартоњи истакна дека поддршката за македонската европска интеграција останува константа за унгарската надворешна политика во сите овие години на извонредни дипломатски односи помеѓу двете земји кои што се надоврзуваат на традиционалните врски помеѓу унгарскиот и македонскиот народ низ вековите (во 2012 година, токму во времето на Јанош Мартоњи, како шеф на унгарската дипломатија, и Виктор Орбан, како премиер, Унгарија ја призна нашата земја под нејзиното тогашно уставно име што отвори и нови перспективи на билатералните односи).
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ