сабота, 27 јули 2024

Бобинкова чија изборна листа не собра потписи, пред Уставниот суд оспори одредби од Изборниот законик

Група избирачи, чија независна листа ја предводеше Ана Бобинкова Мијаковска и за која не беа собрани потребните илјада потписи од граѓани за учество на изборите во Изборна единица 1, до Уставниот суд заедно со Зоран Петковски поднесоа иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста одредби од Изборниот законик. Со иницијативата се бара укинување, односно поништување на одредени одредби од законикот и понишутвање на неговите измени донесени овој месец со кои е подигнат прагот од досегашните илјада потписи, како и други подаконски акти на ДИК. Акцент во иницијативата е ставен на неможноста независните кандидати и листи рамноправно да учествуваат во кандидирањето и медиумското претставување.

Објавено на

часот

Сподели

Според содржината на иницијативата, оневозможени се основните слободи и човекови права како и уставното право на граѓаните, оспорените одредби се во спротивност со темелните вредности, основните слободи и права на човекот и граѓанинот и гаранции за остварување на истите, еднаквоста на избирачкото право, слобода на мисла и говор, забранетата цензура, рамноправно учество на граѓаните во претставничкиот орган на државата и носител на законодавната власт – Собранието.

„Постојниот Изборен законик не може да ја уреди оваа најважна и суштествена материја на правата на суверените и избирачкото право, ставајќи ги во нерамноправна положба и нееднаквост на избирачкото право. Особено, со одредбите/членовите  на законикот кои се однесуваат на предлагањето кандидати, подносители на листи со собирањето потписи и друго во тој дел.

Затоа бараме членовите 59, 61, 62, 63 и 64 целосно да се укинат или поништат, како и ставот 4 од членот 65,  поради неуставноста и дискриминацијата, со кои не е возможна еднаквоста на избирачкото право и на гласот, и оставаат простор за уште поголемо кршење и оневозможување на непречено остварување на тоа право.

Еднаквоста на гласот, примарно е оневозможена со самиот пропорционален изборен модел, за избирање на пратеници и советници: 6 изборни единици, затворени листи и изборен праг ( чл. 4, ставовите 2,3, 4, 5, 6, 8 од ИЗ) како и сите овие одредби за кои се произнесуваме како за неуставни и за кои бараме проценка на нивната уставност во оваа Иницијатива пред Уставниот суд.

Сите овие неуставни членови и одредби се во противречност со уставното право да избира и да биде избран, Член 6  (1) Право да избира има секој државјанин на Република Македонија кој наполнил 18 години живот и има деловна способност и е со постојано живеалиште во изборната единица, општината, односно градот Скопје каде што се врши изборот.

Со оспорените членови и одредби, државјанинот на РМ воопшто не може да се квалификува, да биде потврден за учесник на изборите: да биде биран.  Со самото тоа не може да го оствари своето право од членовите 6 и 7, да се кандидира за овие позиции во државните органи“, се вели во иницијативата.

Бобинкова заедно со Петковски и групата избирачи сметаат дека независните кандидати поддржани од група избирачи се исклучени од тоа право на еднаквост на изборите, дека им е прекршено правото со членовите и одредбите за собирање потписи, со членовите за медиумско информирање за независните кандидати, сметаат дека се спречува рамноправно кандидирање и учество во изборниот процес.

До донесувањето на конечната одлука на Уставниот суд, со иницијативата се предага да се донесе решение со кое ќе се запре извршувањето на поединечните акти кои се сметаат за неуставни и незаконити и кои оневозможуваат фер и демократски избори и поради кои, како што е наведено, во прашање се доведува легитиминетот и уставноста на изборите.

Исто така, меѓу другото, е оспорен и изборот на членови на ДИК од редот на парламентарни партии и се нагласува дека партиски членови не може да бидат непристрасни што, како што е нагласено, се потврди и со нивната независна листа за која, како што е наведено, ДИК не известуваше, а оттаму ниту медиумите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ