Беса ја искористи паузата меѓу двете полусезони за да направи тренерска промена, нов предводник на тимот е Бобан Бабунски.
„Со задоволство можеме да соопштиме дека постигнавме договор со добро познатиот тренер Бобан Бабунски. Веруваме дека тој ќе внесе позитивен дух и нова енергија во нашиот тим и ќе ни помогне да ги оствариме целите во новата сезона“, стои во соопштението на Беса.
По одиграни 18 кола во ПМФЛ, Беса е на 10. место, тоа е позицијата која носи бараж за опстанок.