сабота, 27 јули 2024
Сообраќајка кај Мајчин дом

БМВ удри во дете на велосипед, а тоа па во бебе со количка

Две деца се повредени во сообраќајна несреќа што се случи претпладнево во скопската населба Аеродром, на крстосницата кај Мајчин дом. Како што претходно објавивме, автомобил БМВ удри во дете кое возело велосипед, а според информациите на Министерството за внатрешни работи, од ударот во автомобилот детето со велосипедот удрило во бебе со количка. 

Објавено на

часот

Сподели

Според МВР, денеска околу 10.10 часот во СВР Скопје е пријавена сообраќајна незгода помеѓу патничко возило БМВ со скопски регистерски таблички, управувано од С.С. (58) од Ресен и велосипед управуван од малолетник, по што од ударот по инерција велосипедот удрил во Б.И.М. (37) кој буткал количка во која имало дете. 

На велосипедистот и детето им е укажана лекарска помош и констатирани им се телесни повреди, по што се пуштени на домашно лекување. 

                                                                                                                 Фото: 360 Степени 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ