сабота, 19 октомври 2024

„БМВ“ одново креира тензија во Реал, тивка војна помеѓу две ѕвезди на социјалните мрежи (ФОТО)

Родриго уште еднаш покажа дека не му се допаѓа тоа што не е вметнат помеѓу главната напаѓачка оска на Реал Мадрид и инистира дека местото му е помеѓу Винисиус Жуниор и Килијан Мбапе.

Објавено на

часот

Сподели

Родриго се најде во фокусот по првото коло во Ла Лига со еден контроверзен пост и изразеното незадоволство од тоа што медиумите целиот фокус го ставија врз Белингем, Винисиус и Мбапе, односно новото „БМВ“ трио.

Карло Анчелоти потоа порача дека разговарал со Бразилецот и дека нема нкакви проблеми.

Но очигледно на Родриго му пречи тоа што не го вметнуваат помеѓу главната напаѓачка оска на „кралевите“.

Џуд Белингем вчера на социјалните мрежи сподели неколку фотографии, а на една од нив беше покрај Винисиус Жуниор и Килијан Мбапе.

Случајно или не, само неколку часа подоцна, Родриго имаше своја објава и слика во друштво на Винисиус Жуниор и Килијан Мбапе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ