сабота, 27 јули 2024

Блумберг: САД немаат „план Б“ за Украина

Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден сè повеќе се фрустрира и со републиканците во Конгресот и со сојузниците во Европа поради доцнењето со испраќањето пари на Украина, поради растечкиот страв дека руските сили би можеле да остварат големи територијални добивки во следните недели.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

САД немаат „план Б“ за Украина, туку се надеваат на воената помош вредна 60 милијарди долари која со месеци чека на одобрување на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, кажале анонимни функционери за Блумберг.

Европските лидери, од друга страна, би требало да го искористат профитот од замрзнатиот руски имот за финансирање на владата на претседателот Володимир Зеленски, кажал еден од изворите.

Друг извор навел дека европските земји би требало на Киев да му ги испратат сопствените системи за противвоздушна одбрана „патриот“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ