сабота, 27 јули 2024

Блумберг: На Волстрит му истекува времето да влијае на републиканската номинација

И покрај тоа што трката за претседателските избори во Соединетите Американски Држави се вжештува, финансиерите од Волстрит сè уште не се „отвориле“ кон Доналд Трамп, но ни кон неговите ривали, пишува Блумберг.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што наведува американскиот медиум, големите инвеститори не се одушевени од понудата на кандидати во двете најголеми партии, а многумина од нив не сакаат да видат повторен судир на Трамп и актуелниот претседател на САД Џо Бајден.

„Два осумдесетгодишници, од кои секој има цел куп сопствени проблеми, дали е тоа најдоброто што САД можат да го понудат во овој момент?“, праша инвеститорот Кајл Бас за време на гостувањето во поткастот Биг тејк Ди Си.

До оваа точка во изборниот циклус во 2016 година 10 најголеми републикански донатори веќе имаа дадено пет милиони долари, додека донациите сега достигнаа само 1,3 милиони, истакнува Блумберг врз основа на податоците на Федералната изборна комисија.

Големите инвеститори се надеваа дека Трамп ќе наиде на сериозен противник од редовите на „црвените“ кој се залага за традиционалните републикански вредности како фискален конзерватизам и кој е попредвидлив од поранешниот претседател на САД, но победата на Трамп во Ајова и големата предност во Њу Хемпшир го прави таквото сценарио малку веројатно, заклучува Блумберг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ