Извештаите за наводниот договор се појавија во услови на тековни дебати за безбедноста на податоците на корисниците и притисоците поврзани со регулирањето на апликацијата во Соединетите Држави. Сепак, Тикток рече дека нема планови за продажба или промена на сопственичката структура.
Претходно, Блумберг објави дека кинеските власти проценуваат за потенцијалната опција која вклучува преземање од страна на Маск на американскиот бизнис на Тикток доколку компанијата не успее да ја одбрани апликацијата од контроверзната забрана, наведоа извори.
Според едно сценарио за кое наводно расправала кинеската влада, Икс на Маск, поранешен Твитер, ќе ја преземе контролата над Тикток САД и ќе ги води двата бизниси заедно, велат извори. Тикток, со повеќе од 170 милиони корисници во САД, може да ги зајакне напорите на Икс во привлекувањето огласувачи. Маск исто така основаше компанија за вештачка интелигенција наречена иксАИ која може да има корист од големите количини на податоци што ги генерира Тикток.
Ова не е првпат да се појават шпекулации за промена на сопственоста на Тикток, но компанијата досега остана цврста во отфрлањето на таквите тврдења.