Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп му наложи на министерството за одбрана да го прекине испраќањето американската воена помош на Украина по жестоката кавга на состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски во обид да го притисне да се врати на преговарачката маса, пренесува американскиот медиум.
„Ако Трамп конечно ја повлече поддршката за Киев, без да преземе доволни дипломатски чекори за окончување на борбите, Украина ќе се соочи со перспектива на пораз. Нејзините тенкови, ракетни фрлачи и системи за противвоздушна одбрана, кои инаку им ги испорачуваат САД, ќе останат без муниција за неколку месеци“, се наведува во текстот.
Блумберг пресметал дека Вашингтон од февруари 2022 година за Украина издвоил повеќе од 64 милијарди долари воена помош, вклучувајќи противвоздушни системи „патриот“, ХИМАРС, НАСАМС, тенкови „абрамс“ и друго оружје.
И покрај уверувањата на Германија и балтичките држави дека ќе продолжат да ја поддржуваат Украина, Блумберг истакнува дека Европа нема доволно капацитети да ги надомести американските снабдувања.
Портпаролката на Белата куќа Керолајн Ливит ја потврди одлуката на американскиот претседател, а Зеленски потоа се обиде да се извини по кавгата со Трамп, кажувајќи дека жали поради тоа што се случило, истакнувајќи дека се согласува „н преговори што е можно побрзо“.