сабота, 22 март 2025

Блокада во Нови Сад поради употребата на „звучен топ“, во Белград блокиран ГСП (ВИДЕО)

Студенти и професори на Универзитетот во Нови Сад три часа блокираа раскрсница во близина на кампусот во тој град.

Објавено на

часот

Сподели

Тие посочуваат дека се револтирани од употребата на оружје што наликува на звучниот топ за време на протестот на 15 март во Белград. Тие бараат властите да утврдат кој е одговорен за употребата на нелегалното оружје и нападот врз мирните демонстранти.

Граѓаните се собраа и пред зградата на Судот и Обвинителството во Нови Сад, каде што им изразуваат поддршка на активистите и студентите што беа уапсени минатата недела поради сомнение дека повикуваат на насилна промена на уставниот поредок.

Во Белград од утрово не сообраќаа 150 градски автобуси и 130 трамваи на вкупно 26 линии, поради блокадата на депото на Градското сообраќајно претпријатие во Нов Белград.

Група студенти околу три часот по полноќ ги блокираа сите четири влеза во Депото и најавија дека блокадата ќе трае „до дополнително известување“. Причината е поддршка на просветните работници во прекинот на наставата. Тие утрово ги повикаа граѓаните да им се придружат. Од Секретаријатот за јавен превоз на град Белград соопштија дека за сѐ ја известиле полицијата.

https://www.youtube.com/watch?v=Oih4n4cYO08
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ