Потоа, студентите блокираа две сообраќајници – улицата Бирчанинова и улицата Кнез Милош. Подоцна се преселија на уште попрометната раскрсница на Кнез Милош и Немањина, пред зградата на Владата на Србија.
Блокадата на сообраќајниците, како што најавија, ќе трае до 18 часот, а секоја наредна може да биде и подолга доколку не се исполнат нивните барања. Коалицијата „Србија против насилство“ за денеска во 18 часот најави нов протест.
Studenti su upravo blokirali ugao Kneza Milosa i Bircaninove.
Sjajna atmosfera, podrska za hrabre studente. pic.twitter.com/tl1Fqf6QSK— Maja Vukas (@M2aja) December 25, 2023
Емилија Миленковиќ, една од студентките на протестот, за Н1 изјави дека блокадите повторно ќе се организираат во среда доколку не се исполни барањето за увид во избирачкиот список.
Таа рече дека е „повеќе од задоволна“ од одзивот на студентите и дека ќе испрати барања за увид до локалните самоуправи. „Кој и да е надлежен, ќе контактираме со него“, рече таа.
Таа посочи дека притисокот „на улица“ ќе продолжи доколку не се исполни барањето, што ќе значи нови блокади во среда.
Студентите извикувале „крадци“ и носеле печатени „лични карти“ на политичари како на премиерката и на претседателот на Србија Ана Брнабиќ и Александар Вучиќ, како и на функционерот на Српската напредна партија Владимир Ѓукановиќ, претседателот на Социјалистичкото движење Александар Вулин, претседателот на Собранието Владимир Орлиќ…
Pošto naše lične karte imaju, da vidimo njihove! ? pic.twitter.com/B35QYMHIME
— Mateja (@MATEJANIKOLlC) December 25, 2023
Ана Брнабиќ, техничката премиерка на Србија, гостуваше во емисијата Хит Твит и им се заблагодари на руските безбедносни служби што ја информирале владата за тоа што се подготвува во Белград во неделата, а во режија на некои западни служби.
Брнабиќ во неделата вечер на ТВ Пинк се присети дека уште пред изборите предупредила дека дел од опозицијата ќе се обиде да ги оспори изборните резултати и по насилен пат да ја преземе власта во Србија, што кулминираше, како што рече, со нападот врз Градското собрание во Белград, пишува Политика.
Таа им се заблагодари на руските безбедносни служби што ја споделиле оваа информација со нивните српски колеги. „Тоа веројатно нема да биде популарно на Запад, но особено вечерва чувствувам дека е важно да застанеме во одбрана на Србија и да им се заблагодарам на руските безбедносни служби кои ги имаа овие информации и ги споделија со нас“, рече Брнабиќ.
„Српските државни органи потоа ја споделија оваа информација со други претставници на меѓународната заедница, кои ја отфрлија како руска дезинформација“, рече Брнабиќ, додавајќи: „Сите останати рекоа дека тоа е ширење на лажни вести“.