сабота, 27 јули 2024

Близу 130 илјади претплатници имаат оптички интернет

Објавено на

часот

Сподели

Доколку и покрај воспоставувањето на оваа оптичка инфраструктура операторите не покажат интерес за развој на бродбенд мрежи и услуги, во тој случај според надлежните институции, ќе се обезбеди државна помош почитувајќи ги правилата на ЕУ.

Идните инвестиции во дигиталната инфраструктура и за исполнување на дигиталната агенда, според приватниот сектор, треба да бидат резултат на партнерски пристап на државата и операторите.

„Државата треба да придонесе кон инвестициите во дигиталната инфраструктура, а операторите, кои имаат искуство и експертиза во нивно одржување, да бидат релевантен партнер на јавниот сектор во постигнување на дигиталната агенда, за што пак, е неопходен партнерски пристап на државата и операторите“, изјави за МИА генералниот директор на Македонски телеком Никола Љушев.

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу вели дека остварил средби со компании и телеком оператори.

„Еден од телеком операторите побара неколку компании заеднички да инвестираат во инфраструктура која ќе направи поврзување на населените места во западна Македонија. Имајќи предвид дека веќе се започнати градежни активности за изградба на автопат, сметам дека ваквите иницијативи треба да се поддржат и искористи можноста за воспоставување на инфраструктурата. Сите можности кои законот ги дозволува, треба да се искористат и да се најде начин како заеднички да ги подобриме услугите кон граѓаните и бизнисите“, изјави Алиу.

Според податоците наАЕК, заклучно со третиот квартал лани, бројот на претплатници на пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа (2G/3G/4G)  во државава изнесува 1.581.835. Пристап до интернет со широк опсег  на крајот на третиот квартал лани имале 506 478 претплатници (без претплатниците преку мобилни уреди) со раст од 0,85  проценти во однос на вториот квартал од 2022 година, а споредено со третиот квартал од 2021 година  од 3,35 проценти. Во оваа бројка се вклучени и  74 382 претплатници на фиксен широкопојасен пристап на интернет преку мобилни мрежи (LTE/UMTS). Податоците на АЕК покажуваат раст на бројот на претплатници со пристап до интернет преку оптичка мрежа и тој во третото тримесечие лани изнесува 128.642. Во однос на вториот квартал лани бележи раст од 3,54 проценти, а од 24,7 проценти споредено со третиот квартал  од 2021 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ