„Би сакал да кажам дека сум оптимист, но тешко е да се види од каде би можел да дојде тој оптимизам“, рече тој, на прашањето за неговиот став за конфликтот. „Ситуацијата на терен се влошува… Мислам дека ова е најблиску што сме биле до регионална војна од 1973 година“.
Ал Сауд рече дека на Израелците и Палестинците е да направат сè што можат за да спречат понатамошна ескалација.
„Проблемот меѓу Израелците и Палестинците ги погодува луѓето ширум светот на начин на кој малку конфликти го прават тоа. Се гледа на протестите [ширум светот], сите се погодени и мотивирани од она што се случува на терен. Затоа Израелците и Палестинците имаат одговорност – сакале или не – кон светот. Конфликтот, кој се шири надвор од сегашните граници, се шири низ регионот. Ако се прошири низ регионот, ќе се прошири низ светот, а тоа е сценарио кое никој не сака да го види. Време е да се направат нови напори за да се запрат борбите… потребен е поголем ангажман од меѓународната заедница“, рече тој.
Неговото предупредување доаѓа откако израелскиот министер за одбрана најави „нова фаза“ во војната, при што војниците се движат кон северната граница на земјата, каде што со месеци разменуваа оган со Хезболах.
Во изминатите два дена, десетици членови на либанска милитантна група беа убиени по експлозија на електронски уреди – пејџери и воки-токи – иако Израел сè уште ниту ја потврди ниту ја негираше својата вмешаност во нападите, многумина – вклучително и генералниот секретар на ОН – шпекулираат дека ова може да биде увертира за посериозен напад.
Еден од нив е поранешниот висок израелски разузнавач, д-р Ејал Пинко, кој рече дека пејџерите и воки-токи се „предупредувачки истрел“. Тој рече дека експлозиите биле „многу успешен тактички потег“, иако рече дека не знае дали Израел е одговорен.
Во двете експлозии на комуникациските уреди загинаа вкупно 32 лица. Хезболах вети дека ќе му се одмазди на Израел. Американскиот државен секретар Антони Блинкен рече дека САД сè уште проценуваат како нападите во Либан би можеле да влијаат на напорите за постигнување примирје во војната меѓу Израел и Хамас.