сабота, 27 јули 2024

Блинкен стигна во Саудиска Арабија, бара договор за прекин на огнот во Газа

Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска пристигна во Саудиска Арабија, како прва етапа од турнејата по Блискиот Исток, со цел да се воспостави примирје меѓу Израел и Хамас што ќе овозможи ослободување на заложниците и испорака на поголема хуманитарна помош за Газа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Блинкен, кој ќе ги посети и Јордан и Израел, се состанува во Ријад со неколку колеги од Персискиот залив и Европа за да разговараат за обновата на Појасот Газа по војната, изјави претставник на Стејт департментот.

Тие планови би можеле да вклучат финансирање на обновата на енклавата, чиишто жители се раселени, а територијата е претворена во урнатини по речиси седум месеци бомбардирање и борби, или дури и поддршка за формирање нови владини структури за „денот по“ војната.

Стејт департментот објави дека Блинкен ќе разговара за „тековните напори за воспоставување прекин на огнот во Газа што ќе овозможи ослободување на заложниците“ и ќе спречи ширење на војната во регионот.

Посетата на Блинкен се случува по повод дводневниот состанок на Светскиот економски форум (СЕФ).

Израел нема претставник во Ријад бидејќи преговорите за прекин на огнот и ослободување на заложниците, со посредство на САД, Египет и Катар, се водат во Египет. САД, Египет и Катар со месеци се обидуваат да постигнат примирје. Но настанот во Ријад е „можност за структурирани дискусии со клучните играчи“, рече во саботата претседателот на СЕФ, Борге Бренде.

Тој спомена и „нова динамика во разговорите за заложниците и (…) можен излез од ќор-сокакот во кој се наоѓаме во Газа“. Од почетокот на војната, Саудиска Арабија соработува со други земји за да му стави крај на конфликтот што се заканува да го зафати регионот и да ја спречи нејзината амбициозна програма за економски реформи позната како Визија 2030.

Заливската монархија, најголемиот светски извозник на нафта, исто така преговара за можен договор за нормализирање на односите со Израел, придружен со зајакнување на безбедносното партнерство со Вашингтон.

Нормализацијата би имала голем одек имајќи предвид дека саудиското кралство е чувар на двете најсвети места во исламот, но избувнувањето на војната меѓу Израел и Хамас, откако исламистичката група започна напад на југот на еврејската држава на 7 октомври, ја оддалечи таа перспектива.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ