четврток, 26 декември 2024

Блинкен се сретна со Руте во Брисел

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска се сретна со генералниот секретар на НАТО Марк Руте во седиштето на НАТО во Брисел, додека Бајденовата администрација во заминување се обидува да ја зацементира поддршката за Украина пред враќањето на Доналд Трамп како претседател.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Новоизбраниот претседател Трамп, кој ја доведе во прашање американската воена поддршка за Украина, вели дека брзо ќе ја заврши руската војна без да каже како, предизвикувајќи загриженост кај сојузниците на САД дека би можел да се обиде да го принуди Киев да прифати мир според условите на Москва, вели Ројтерс.

Блинкен се очекува подоцна да се сретне со украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибих, според распоредот добиен од Стејт департментот.

Тој денеска во Брисел ќе се сретне и со врховниот командант на сојузниците на НАТО за Европа, генералот Кристофер Каволи, со највисоките претставници на ЕУ и со британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами.

Според најавите, Блинкен на состаноците во Брисел ќе разговара за тоа како американските сојузници да преземат поголемо лидерство во поддршката на Украина, во време кога е неизвесна идната улога на Вашингтон под администрацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, наведува агенцијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ