сабота, 27 јули 2024

Блинкен: САД ќе ја внесат Украина во НАТО

Ја приближуваме Украина до НАТО и ќе ја внесеме (во Алијансата), порача државниот секретар на Соединетите Американски Држави Ентони Блинкен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Западните земји се свесни дека одложувањата во испораката на воената помош за Украина се недозволиви, многу повеќе оружје наскоро стигнува на фронтот, кажа Блинкен за време на посетата на Киев.

„Знаеме дека нема време. Затоа, минута откако Конгресот го одобри големиот пакет помош, претседателот (на САД Џо) Бајден испрати муниција и оклопни возила, ракети и противвоздушна опрема на Украина“, кажа Бајден.

Претходно чешкиот претседател Петер Павел кажа дека би требало да ѝ се дозволи на Украина да одбие членство во НАТО во замена за безбедносни гаранции за Киев.

Шефот на американската дипломатија одговори на прашање за одржување на избори во Украина, кажувајќи дека „штом Украинците ќе се согласат дека условите го дозволуваат тоа, ќе можат да го искористат своето гласачко право“.

Блинкен кажа и дека рускиот претседател Владимир Путин „ја уништил Украина и затоа Русија треба да плати за обновата“.

Според него, САД планираат да ја искористат својата моќ како и замрзнатиот руски имот за таа цел, пренесува Ројтерс.

„Работиме со нашите партнери од Г7 за рускиот замрзнат државен имот да се искористи за санирање на штетата која ја направи Путин“, кажа првиот американски дипломат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ