недела, 20 октомври 2024

Блинкен: Руските медиуми се продолжена рака на руските разузнавачи

Земјите треба да ги третираат активности на руската државна телевизија РТ како тајна разузнавачка операција, изјави американскиот државен секретар Антони Блинкен при презентирањето на нови санкции насочени кон наводни руски кампањи за влијание во странство.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Минатата недела, Соединетите Држави покренаа обвиненија против двајца вработени во РТ за перење пари и ја санкционираа главната уредничка Маргарита Симонјан за, како што велат, план да ангажира американска компанија која ќе произведува онлајн содржина и на тој начин ќе влијае на овогодинешните претседателски избори во САД.

Блинкен им рече на новинарите во Стејт департментот дека руските медиуми всушност „функционираат како де факто продолжена рака на рускиот разузнавачки апарат“.

РТ го надмина досегот на медиумска платформа и поседува сајбер способности и спроведува тајни странски информативни кампањи, како и кампањи за влијание, рече Блинкен, повикувајќи се на нови информации, од кои повеќето доаѓаат од вработени во РТ.

„Денес објавуваме дека овие медиуми под покровителство на Кремљ не само што ја играат оваа прикриена улога на влијание за да ја поткопаат демократијата во Соединетите Држави, туку и се мешаат во суверените работи на земјите ширум светот“, рече Блинкен.

САД, Велика Британија и Канада ќе соработуваат во дипломатска кампања за информирање на други земји за напорите на Русија, вклучително и со споделување докази.

„Секоја влада, се разбира, ќе одлучи како да одговори на оваа закана, но го повикуваме секој сојузник, секој партнер, да почне да ги третира активностите на РТ како што би ги третирале сите други руски разузнавачки активности во своите граници“, рече Блинкен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ