сабота, 27 јули 2024

Блинкен пристигна во ненајавена посета во Киев

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен утрово допатува во ненајавена посета на Киев, во време на голема руска офанзива на североистокот на Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Блинкен, чија е ова четврта посета на Киев од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, пристигна во главниот град на Украина со ноќен воз од Полска.

Американски претставник во делегацијата на Блинкен изјави за новинарите дека посетата треба да испрати „силен сигнал за поддршка“ на Украинците кои се во многу тешка ситуација поради интензивирањето на борбите на источниот фронт и проширувањето на руските прекугранични напади врз Харков.

„Секретарот дојде да разговара за тоа како нашата дополнителна помош ќе помогне да се зајакне нивната одбрана (и) да им се овозможи да преземат иницијатива на бојното поле“, рече претставникот.

Артилерија, ракети со долг дострел познати како АТАКМС и систем за противвоздушна одбрана одобрена од претседателот Џо Бајден на 24 април веќе се делумно испратени до украинските сили, рече официјалниот претставник.

Блинкен ќе се обиде да ги увери украинските официјални лица, вклучително и претседателот Володимир Зеленски, за континуираната поддршка на САД и ќе одржи говор фокусиран на иднината на Украина, рече претставникот.

Со месеци руските сили полека напредуваат, главно во областа Доњецк на југ, благодарение на значителната предност во војници и муниција, пренесува Ројтерс.

Во понеделникот, американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан рече дека Вашингтон се обидува да го забрза „темпото на испорака на оружје“ за Украина за да ѝ помогне да ја сврти ситуацијата на бојното поле.

„Одложувањето ја стави Украина во дупка и ние се обидуваме да им помогнеме да се ископаат од таа дупка што е можно побрзо“, рече Саливан, додавајќи дека оваа недела ќе биде најавен нов пакет оружје.

Русија сега контролира околу 18 отсто од Украина и сè повеќе напредува по минатогодишната неуспешна киевска контраофанзива.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ