сабота, 27 јули 2024

Блинкен потврди дека во Стејт департментот има несогласувања за војната во Газа

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска јавно потврди дека добил жалби од вработените во Стејт департментот за односот на администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден кон војната во Газа.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Од октомври, повеќе луѓе во Стејт департментот покренаа прашања, изразија загриженост, критики за политиката што ја спроведува Израел, политиката што ја спроведуваме ние“, изјави Блинкен во интервју за Си-ен-би-си во Давос.

„Имаме нешто што се нарекува „канал за несогласување“ што му овозможува на секој да ја изрази својата загриженост. Имавме многу. Прочитав сè“, рече тој.

Други американски телевизиски мрежи исто известуваа за гневот на вработените во администрацијата на Бајден поради политиката кон војната во Газа, особено за бројот на цивилни жртви кој продолжува да расте, барем еден функционер на Стејт департментот поднел оставка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ