четврток, 24 октомври 2024

Блинкен: Ова е можеби последната шанса за договор за прекин на огнот во Газа

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој е во посета на Израел, рече дека сега е „можеби последната шанса“ да се постигне договор за прекин на огнот во Газа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Деветтата посета на Блинкен на Блискиот Исток од почетокот на конфликтот дојде неколку дена откако посредниците, вклучително и САД, изразија оптимизам дека договорот е блиску.

Хамас сепак изрази длабоко незадоволство од последниот предлог, а Израел оцени дека има области во кои не е спремен за компромиси.

Посетата на Блинкен, неколку дена пред новите разговори што се очекуваат оваа недела во Египет, доаѓа поради стравувањата дека конфликтот може да ескалира во подлабока регионална војна по убиствата на највисоките милитантни команданти во Либан, за кои Иран го обвини Израел.

„Ова е одлучувачки момент, веројатно најдобрата, можеби и последна можност да ги вратиме заложниците дома, да постигнеме прекин на огнот и да ги поставиме сите на подобар пат кон опстанокот на мирот и безбедноста“, рече Блинкен во почетокот на разговорите со израелскиот претседател Исак Херцог во Тел Авив.

„Ние, исто така, треба да се осигуриме дека никој не презема никакви чекори што би можеле да го нарушат овој процес, работиме на тоа да нема ескалација, да нема провокации“, рече тој, алудирајќи на Иран.

Херцог му се заблагодари на Блинкен за поддршката што администрацијата на Бајден му ја дава на Израел и се пожали на неодамнешните напади врз Израелците во изминатите 24 часа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ