сабота, 27 јули 2024
„За нас постојат две цели“

Блинкен најави голема офанзива на Украина, и улогата на САД во неа

Објавено на

часот

Сподели

Блинкен во интервју за францускиот весник Вест Франс изнесе мислење дека за сојузниците и партнерите на Киев во светот, вклучувајќи ги Соединетите Американски Држави, постојат две цели во Украина.

„Првата цел е да направиме сè што е можно да ѝ помогнеме на Украина да ги врати териториите кои ги зазема Русија, вклучувајќи со контраофанзива, која се очекува следните недели“, кажа Блинкен.

Според него, втората цел е да ѝ се помогне на Украина да „изгради сопствени среднорочни и долгорочни капацитети за одвраќање на секоја агресија“ и да може „самата да се брани ако се случи нова агресија“.

Американскиот државен секретар кажа дека сè додека Русија не ја смени насоката, Вашингтон и сојузниците мора „да го одржат притисокот без преседан, кој бројни земји го вршат против Русија со санкции и контрола на извозот“.

На прашањето дали САД планираат да го поддржат Киев во неговата желба со сила да се бори за заземање на Крим и Донбас, Блинкен одговори дека одговорноста за таквата одлука е на Украина, а дека САД со западните земји ја поддржуваат Украина во нејзините напори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ