среда, 23 октомври 2024

Блинкен: Ќе го браниме Израел

Шефот на американската дипломатија, Антони Блинкен, за прв пат јавно побара од Иран и Израел да избегнат „ескалација“ кон новиот воен конфликт на Блискиот Исток.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Не треба да има ескалација предизвикана од ниту една страна во овој конфликт. Ние сме ангажирани во интензивна дипломатија со сојузниците и партнерите и оваа порака ја испраќаме директно до Иран. Оваа порака ја испративме директно до Израел“, рече државниот секретар за време на заедничка прес-конференција со министерот за одбрана Лојд Остин и нивните австралиски колеги, Пени Вонг и Ричард Марлс.

„Нашата посветеност кон Израел е непоколеблива. Ќе продолжиме да го браниме Израел од нападите на терористичките групи или нивните поддржувачи, исто како што ќе продолжиме да ги браниме нашите трупи“, рече Антони Блинкен.

Тензиите се високи откако Иран, Хамас и Хезболах го обвинија Израел дека на 31 јули во Техеран го убил Исмаил Ханија, политичкиот лидер на палестинското исламистичко движење Хамас, ветувајќи дека ќе се одмазди за неговата смрт.

Вчера за свој лидер во Појасот Газа Хамас го назначи Јахја Синвар, наследник на Ханија. „Синвар беше и останува првиот кој донесува одлуки за склучување примирје“ во Појасот Газа, рече Блинкен, додека Вашингтон со недели го притиска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да постигне договор.

Во петокот, Пентагон објави распоредување на дополнителни воени бродови и борбени авиони за одбрана на Израел и американските трупи во регионот. Американскиот секретар за одбрана предупреди дека „САД нема да толерираат напади врз своите војници“ на Блискиот Исток, еден ден по нападот на воената база во Ирак во кој беа повредени седум Американци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ