петок, 18 октомври 2024

Блинкен: Членките на НАТО да го зголемат военото трошење

Објавено на

часот

Сподели

„Од американска перспектива, два отсто би требало да биде долната, а не горната граница“, кажа Блинкен.

Тој потсети дека од 2022 година постои нов стратегиски концепт на НАТО, кој, како што оцени, ги одразува предизвиците на нашето време.

„Ние ѝ пружаме воена поддршка на Украина од почетокот на војната, што доведе до тоа земјите од НАТО да почнат да ги намалуваат залихите на оружје. Овие празнини треба да се пополнат, да се обезбеди стабилно темпо на одбранбено производство и потрошувачка за одбраната“, кажа шефот на американската дипломатија.

Блинкен истакна дека Вашингтон се обидува да обезбеди исполнување на обврските преземени на самитот на НАТО во Велс во 2014 година.

„Во тоа време, целта беше секоја земја да издвои два отсто од БДП за одбраната“, кажа Блинкен.

„Проценувам дека околу две третини од членките на НАТО следната година ќе ја достигнат целта од два отсто. Ова е добро, но сакаме сите тоа да го остварат“, кажа тој.

Според Блинкен, на самитот на НАТО во јули во Вилнус ќе мора да се одлучи што е неопходно за иднината по 2024 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ