четврток, 26 декември 2024

Блинкен: Ангажирањето на Северна Кореја во украинскиот конфликт бара цврст одговор

Севернокорејското ангажирање во украинскиот конфликт бара цврст одговор, кажа денес во Брисел државниот секретар на Соединетите Американски Држави Ентони Блинкен, за време на посетата на командата на НАТО.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Севернокорејските сили ангажирани во борбите и сега буквално во судирите – тој нов елемент бара цврст одговор, и тој ќе биде таков“, им кажа Блинкен на новинарите, а со него беше новиот генерален секретар на западниот воен пакт Марк Руте.

САД вчера ги потврдија сознанијата дека севернокорејски војници се вклучени во борбени операции во руската област Курск, чиј мал дел е под контрола на украински трупи.

Блинкен изрази загриженост поради глобализацијата на украинскиот конфликт и ги повика сите на поблиска соработка.

„Едно од нештата кое НАТО го оствари во текот на годините е зајакнување на врските со партнерите во регионот на Индо-Пацификот, и тоа уште повеќе ќе го правиме во следните недели и месеци“, кажа шефот на американската дипломатија во заминување.

Владата на американскиот претседател Џо Бајден на 20 јануари ќе ја замени влада на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп. Европската Унија стравува дека таа промена во Белата куќа ќе доведе до намалување на американскиот ангажман на европскиот континент и прекин на воената поддршка на Вашингтон на Киев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ