среда, 22 јануари 2025
Јубилејни 25 години постоење и раст на бројот на вработени

Блажевски: Нелт е подготвена за склучување на нови партнерства

Компанијата Нелт СТ, членка на регионалниот конгломерат Nelt Grupа, во 2023 година, кога јубилејните 25 години работа на македонскиот пазар, ќе оствари промет од над 60 милиони евра, притоа остварувајќи раст од 15% во однос на претходната година. Новите партнерства во дистрибуцијата и логистиката, со вработување на 70 нови колеги, отвораат простор за понатамошен развој и раст на препознатливоста на компанијата на пазарот на Македонија. Извршниот директор Сашко Блажевски вели дека компанијата е подготвена за склучување на нови партнерства и нови дострели.

Објавено на

часот

Сподели

Соработката со корпорацијата Фортенова во делот на дистрибуција на брендовите Јамница и Дијамант, заедно со почетокот на дистирбуција на брендовите Чачански чипс, Грицко и Флипс на српската компанија Chips way, ја одбележаа годината која изминува.  

Извршниот директор на Нелт, Сашко Блажевски со гордост соопшти дека фирмата која што во 1998 година имала само шест вработени, сега во 2023 година брои 276 вработени.

„Горди сме на нашиот јубилеј. Веќе 25 години постоиме на пазар полн со предизвици и сме лидери во иновации и дигитализација во делот на ланците на снабдување. Сепак, би рекол дека клучен е фокусот кон нашите вработени, кои денес ги имаме близу 300. Применуваме корпоративни вредности кои во фокусот ги ставаат луѓето, а тоа го  докажуваме тоа со воведувањето на т.н. “woкlife balance”  пристап кој вклучува флексибилно работно време, работа од дома и приватно осигурување за одредени  работни позиции“, изјави Сашко Блажевски, извршен директор на Нелт Група за пазарот на Северна Македонија.  

Тој додава дека целта е наредната година да се надмина бројката од 300 вработени и да бидат лидери во иновации и дигитална испорака.

Нелт СТ денес дистрибуира глобални лидери во FMCG индустријата, како што се: P&G,  Mondelez, Jaffa, Banini, Jacobs, BIC, Dr Oetker, Duracell, Sebamed и Johnson & Johnson. Покрај спомнатите Jamnicа, Dijamant и Chips Way, Нелт СТ го снабдува пазарот со Neoplantа,  Baby Food Factory (Nutrino), и националниот лидер во својата категорија – Mama’s.  

Водечката стратегија на Nelt Grupа – ACCELERATE2025 – дополнително го изостри  фокусот на компанијата кон дигиталната трансформација и  резултираше со лансирање  на апликации и инвестиции во архитектура и алатки за управување со податоци што ги  развиваме со компаниите Microsoft и SAS. Сакаме да продолжиме со инвестиции и нови  вработувања во Северна Македонија и да ја зацврстиме лидерската позиција на пазарот  во годините што доаѓаат“, рече Милош Јелиќ, извршен директор на Нелт Група.

Оваа компанија работи со повеќе од 80 принципали и над 100 логистички клиенти преку 18 компании на 12 пазари во Адриатик регионот и Африка. Членки на Nelt Grupа се: Nelt Co,  Nelt BiH, Neregelia, Nelt ST, Montenomax C&L, Java storja Srbija, Nelt Angola, Nelt Zambia, Nelt  Mozambique, Nelt Alban a и Nelt KS. Членки на групацијата се и Neoplanta, Baby food factory, 

Chips Way, Banim reklame i Čenej Agrar. Остварените консолидирани приходи на групацијата во 2022 година изнесуваат 1.165.000.000 евра. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ