Амбасадорот на Велика Британија во Македонија Марк Лосон му благодари на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и на целата влада.
„Задоволни сме што г-дин Салмонд се врати дома. Нашето најдлабоко сочувство останува со неговото семејство.
Му благодариме на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и на македонската Влада за нивната поддршка да се обезбеди враќање на г-дин Салмонд во Обединетото кралство и неговото семејство”, напиша Лосон во јавната објава.
Со највисоки почести и воена гарда во присуство на претставници на државата и дипломатскиот кор, од аеродрмот во Охрид со приватен авион телото на поранешниот прв министер на Владата на Шкотска Алекс Салмонд беше испратено во Велика Британија.
„Шкотски патриот, лидер на партијата АЛБА и поранешен прв министер, Алекс Салмонд го започнува своето патување дома од Северна Македонија“, се вели во објавата на неговата партија на Твитер.
A Scottish Patriot, ALBA Party Leader & Former First Minister 🏴
Alex Salmond begins his journey home from North Macedonia.
Messages of condolence can be left here 👇https://t.co/fm816KgyHq pic.twitter.com/UgRlH2aW5S
— ALBA Party (@AlbaParty) October 18, 2024