сабота, 27 јули 2024

Бизнисмените имаат девет барања до надлежните за помош на македонската енергетика

Објавено на

часот

Сподели

Мерките, посочуваат, произлегле од јавната седница на Управниот одбор (УО- на СКСМ и на Македонската енергетска асоцијација во рамките на Комората, а меѓу другото содржат и препораки до самите стопански субјекти.

Од ЕСМ, со поддршка на Владата бараат да го конципира производството од термоелектраните според цената на мазутот и јагленот, односно „доколку во следниот период кога ќе порасне производството на евтина електрична енергија од фотоволтаици, ЕСМ да се насочи кон откуп на таква енергија, наместо производство на поскапа електрична енергија од термоелектраните.

Според СКСМ претходната мерка за вклучување во работа на сите електрани веќе нема ефект во услови на зголемено производство од обновливи извори на енергија.

Од Мнистерството за економија бараат да стимулира изградба на различни видови електрани од обновливи извори, односно да обезбеди дисперзија во инвестирањето на обновливи извори на енергија и планска изградба на дистрибутивната мрежа, затоа што засиленото градење само на фотоволтаични електрани „ќе доведе до енергетски дисбаланс“.

„Потребно е да се стимулира изградба на биогасни и ветерни електрани, и да се доизградат малите хидро електрани кои државата ги планирала. Складирањето на електричната енергија од обновливи извори веќе се појавува како потреба и решение, и државата е потребно да ги поддржи инвеститорите и индустриските капацитети да инсталираат батериски системи. Мерките се однесуваат на олеснување и намалување на постапки и давачките, како и намалување на царинските стапки до нивно елиминирање, следејќи го примерот на ЕУ, заради поттикнување на поголемо инвестирање. Значаен систем за складирање на вишокот електрична енергија од фотоволтаици во иднина ќе биде хидроелектраната Чебрен, која како реверзибилна хидроелектрана ќе ја користи електричната енергија од евтините часови за пумпање вода во горниот басен, од кој потоа би се произведувала енергија во часовите на повисока побарувачка. Од тие причини потребно е да се дореализира постапката за капиталниот проект Чебрен, кој во секој случај ќе биде решение по подолг рок, односно по неговата изградба. Хидрогенот, како гориво на иднината и начин на конвертирање и складирање на вишокот електрична енергија, да биде имплементиран во Стратегијата за развој на енергетиката до 2030 година, при нејзиното следно обновување, кое се врши на секои 5 години и во кое се вклучени владините институции и МАНУ.“ велат од СКСМ.

Од комората од државата уште бараат интернационално да се сертифицира за да може производителите на енергија од обновливи извори да издаваат зелени сертификати што се важни за странскиот пазар, а со кои ќе се обезбеди и постојан девизен прилив за државата.

Според комората, компаниите треба да ја прифатат новата состојба со варијациите на цените во текот на денот и да пристапат кон набавката на електрична енергија согласно нивниот технолошки процес, односно доколку можат потребно е да ги менаџираат потрошувачката и производниот процес согласно берзанските цени во текот на денот, со цел да остварат енергетски заштеди.

Сопанската комора го поздравува отворањето на домашната берза на електрична енергија од страна на Националниот оператор на пазар на електрична енергија (МЕМО). Со цел македонска берза на електрична енергија да биде ликвидна, велат оттаму, потребно е да се донесе одлука сите државни купувачи да не набавуваат електрична енергија на тендери и преку билатерални договори, туку истото да се врши на македонската берза.

Како деветта мерка, СКСМ бара магистралните гасоводи за кои е одговорен Национални енергетски ресурси (НЕР) да се стават во функција, но притоа да се градат и дистрибутивни мрежи низ градовите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ