сабота, 19 октомври 2024

Бизнис форум во Кавадарци за унгарските можности за инвестиции

Бизнис форум се реализираше денеска во Кавадарци, бизнисмени од Тиквешко беа запознати со унгарски можности за инвестиции и соработка. На форумот присуствуваа и градоначалникот Митко Јанчев и Андраш Клеин, амбасадор на Унгарија.

Објавено на

часот

Сподели

Поразговараме за соработка помеѓу општини од двете држави, соработка во делот на економијата, рече меѓу другото,  градоначалникот Митко Јанчев.

Амбасадорот додаде дека имале многу плоден работен состанок со градоначалникот и изрази задоволство од реализацијата на бизнис форумот заедно со унгарската агенција за соработка.

„Со градоначалникот разговаравме за неколку работи, изразивме можност за соработка, пред се на полето на економијата.  Агенцијата ХЕПА, им презентира на бизнисмените од тиквешки регион,  можности за нивна соработка со бизнисмени од Унгарија“, подвлече амбасадорот во изјава за медиумите.

Тој додаде дека Унгарија претседателствува со Европската Унија и една од нивните  цели е да ни се помогне во приближувањето кон ЕУ, да им се помогне на земјите од Западен Балкан за  побрз пристап до Унијата.

Пред форумот, амбасадорот и градоначалникот се сретнаа во општинската зграда.

„Главниот акцент беше ставен на плановите на општината во искористување на средствата кои Македонија ги доби како заем од Унгарија. Се разговараше и за можноста за соработка во областа на културата и образованието. Пред претставниците на бизнис секторот, на форумот чија главна цел е економската соработка помеѓу двете држави, од страна на Бојан Јанакиевски, се презентираше за ХЕПА ( Унгарска трговска комора) и нејзините услуги со можност за соработка во Македонија“, соопштија од кабинетот на Јанчев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ