недела, 12 јануари 2025

Бизнис центарот Соравиа го купуваат фирма на внук на Али Ахмети и компанија од Тирана

Објавено на

часот

Сподели

Комисијата за заштита на конкуренцијата на 9 јуни ја објави информацијата за добиено известување дека бизнис центарот Соравиа се продава на „Тор индустрис“ ДООЕЛ Скопје и албанската компанија „Пе-вла-ку ШПК“.

Дрин Ахмети, внук од братот на Али Ахмети, Фекри, од 2020 година е сопственик на компанијата за развој на градежни проекти Тор индустрис“. Од известувањето на КЗК може да се види дека сите три компании, „Тор индистрис“, подружницата на „Пе-вла-ку“ во Македонија и „Соравиа инвест“, сопственикот на бизнис центарот, се регистрирани на иста адреса, на улицата „Филип Втори Македонски“ број 3.

д

Инаку Дрин Ахмети е косопственик и на фирмата „Еверест ЏД“ која има активна концесија за експлоатација на варовник на локалитетот „Буковиќ“ во Зајас. Оваа фирма добила пет тендери во вкупна вредност од 8 милиони денари. Негов партнер во оваа фирма бил и Бесин Ахмети, неговиот брат.

д

Основна дејност на „Еверест ЏД“ основана во 2005 година е „изградба на други објекти од нискоградба“. Оваа фирма има активна концесија (до 2026) за експлоатација на минерална суровина – варовник на локалитетот Буковиќ, општина Зајас.

„Пе-вла-ку“ е една од најголемите градежни компании во Албанија и Косово, основана во 2005 година.

За богатсвото на фамилијата Ахмети неодамна и видео објави внукот на лидерот на ДУИ, денес потпретстедател на движењето Беса, Фатмир Лимани. Во таа објава Лимани ја споменува и експлоатацијата на локалитетот Буковиќ.

                                                                                                                                                                                       А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ