сабота, 27 јули 2024

Бизнис без тајни

Објавено на

часот

Сподели

 

Основачот и сопственик на групацијата „Вирџин“, 61-годишниот Ричард Брансон, ја промовираше својата нова книга „Бизнис без тајни“, која веќе се продава низ светските метрополи, отпечатена во огромен тираж. Книгата е автобиографска, во неа милијардерот на 320 страници раскажува што сè е потребно за да се биде успешен, не прескокнувајќи ја и омилената девиза на неговиот пријател Стив Џобс „лудите прават светот да биде поинаков“.
Брансон ја покажувал својата необичност и уникатност уште кога имал 15 години, па директорот на училиштето во кое се школувал рекол: „Овој или ќе заврши во затвор, или ќе стане милионер“. Се остварило второто. За Ричард прво следуваше период на музика (синџирот „Вирџин“ продавници и продуцентската куќа „Вирџин рекордс“, без која „Секс пистолс“ немаше да бидат тоа што се), потоа ја основа авионската компанија „Вирџин атлантик“ (во 1984 година), следуваа „Вирџин актив“ (фитнес) и „Вирџин Мобиле“ (компанија за мобилна телефонија).
И не застана тука. „Вирџин галактик“ доби буквално вселенска димензија, со првите туристички летови во вселената.

„Бизнис без тајни“ чини 19,90 евра, а во неа авторот ги открива сите тајни и патишта за да заработи онолку колку што моментно самиот „тежи“. 3,1 милијарди евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ