петок, 27 декември 2024
На средба во Дамаск

Бившиот сириски премиер се согласи да ѝ ја предаде власта на бунтовничката „Влада на спасот“

Досегашниот сириски премиер Мохамад Гази ал-Џалали за ТВ Ал Арабија рече дека се согласил да ѝ ја предаде власта на бунтовничката „Влада на спасот“, пренесе Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Лидерот на сириската бунтовничка група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) се сретнал со досегашниот сириски премиер за да разговараат за трансферот на власта, објави Си-ен-ен. На видеото споделено од бунтовниците во понеделникот се гледа лидерот на ХТС, Абу Мохамад ал-Џолани, и премиерот на „Владата за спас на Сирија“, која се поврзува со ХТС, Мохамед ал-Башир, како се среќаваат со Гази ал-Џалали.

Бунтовниците рекоа дека состанокот бил за „координирање на трансферот на власта на начин што ќе овозможи обезбедување услуги за нашиот народ во Сирија“.

Средбата во Дамаск се случи откако премиерот во заминување вети дека ќе соработува со бунтовниците и ќе поддржи „непречена и систематска транзиција на функциите на владата“ и ќе ги зачува „државните објекти“, во пораката снимена откако бунтовниците го зазедоа Дамаск.

Идниот премиер Ал Башир претходно беше премиер на областа Идлиб во северна Сирија, контролирана од бунтовниците.

„Момците сега имаат многу добро искуство, почнаа да работат од ништо. Имајте на ум дека Идлиб е мал, без ресурси, можевме да направиме многу во минатото“, вели водачот на ХТС Џолани во видеото.

„Ќе видите дека се искусни. Имаат голем успех во справувањето со одредени прашања на различни капацитети, затоа треба да продолжиме да работиме со нив и да имаме корист од (нивните искуства)“, додаде Џолани – кого бунтовниците го нарекуваа со неговото вистинско име, Ахмад ал Шара.

Во текот на викендот, се појави видео од бунтовниците како го придружуваат сирискиот премиер до хотел во Дамаск. На видеото се гледа како тој опкружен со вооружени мажи оди по неколку скалила и влегува во црн џип со друг маж.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ