сабота, 27 јули 2024

Бившиот лидер на Каталонија најави враќање: Пучдемон ќе учествува на регионалните избори

Поранешниот премиер на Каталонија, Карлес Пучдемон, кој е во бегство откако неуспешно се обиде да го отцепи регионот од Шпанија во 2017 година, изјави дека би се вратил во земјата кога би имало реални шанси повторно да стане регионален претседател по претстојните избори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Карлес Пучдемон е во Белгија затоа што Шпанија има издадено налог за апсење по него, но откако левичарската влада на Педро Санчез го усвои контроверзниот закон за амнестија во кој беа вклучени тој и стотици други поддржувачи на каталонската независност, тој доби шанса да учествува во регионалните избори на 12 мај.

Тој претходно најави дека ќе учествува на нив, а на состанокот во францускиот град Елни во близина на шпанската граница изјави дека „сега кога имам можност да се вратам на власт, одбројувањето до моето враќање започна“.

Негов ривал на изборите во мај ќе биде актуелниот премиер на Каталонија, Пере Арагонес, кој распиша предвремени регионални избори откако владејачката коалиција не можеше да донесе нов буџет.

Каталонија е една од 17-те регионални автономни заедници во Шпанија и има уникатна култура и јазик во споредба со остатокот од земјата, како и силно сепаратистичко движење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ