среда, 19 март 2025

Бившата обвинителка Кадриу: Дали обвинителот Дејан е донесен во Кочани за да забошоти како во Тетово?

Сега што треба да се смати и чија трага и одговорност треба да се одбегне со тоа што обвинителот Дејан Петрески е назначен за испомош во Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кочани, прашува поранешната обвинителка Лејла Кадриу откако државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски меѓу тимот обвинители кој работи на несреќата во Кочани го именува и Петрески, обвинител во ОЈО Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Во својата објава на фејсбук, Кадриу тврди дека Обвинителството исто како и сега и во случајот со модуларната боница во Тетово  „зборува бомбастично по медиуми“.

„Сервираа секакви информации ‘за преземени дејствија во текот на истрагата’ за модуларната болница во Тетово. А во позадина ни донесоа двајца обвинители ‘во испомош’ бидејќи бил волуминозен предметот. Се испостави дека обвинителот Дејан беше само поштар преку кој држеа под контрола што се презема и контрола да не настрада некој кој требаше да биде заштитен. Дојде вешт наод од вештак од областа на електро-техника кој јасно наведе дека причинско-последична врска за настанување на пожарот е лошо инсталирана електрична енергија. Беше јасно кој беше изведувач на работите, а и нарчател. И кога барав од колегите обвинители да се усогласиме за издавање на наредба за градежно вештачење, бидејки произлезе дека има многу пропусти. обвинителот Дејан од ОЈО Скопје беше против. Другите го подржаа. А за да се искамуфлира вештиот наод од електро-вештакот кој беше јасен, истиот Дејан бараше да се изготви друг вешт наод и тоа го направија, но сега вештаците за модуларната болница во Тетово вештачеа на модуларна болница во друг град. Мене ме суспендираа бидејки им сметав, бев премногу гласна а требаше пола Влада во притвор да заврши врз основа на вештачења и собрани докази“, тврди Кадриу.

Професионалниот век на Кадриу помина во Основното јавно обвинителство Тетово, а пота стана дел од тимот на поранешното Специјално јавно обвинителство. Со образложение дека не е „тимски играч“, тогашната шефица Катица Јанева и додели отказ, а Советот на јавни обвинители ја суспендираше и ја разреши поради инцидентот во селото Синичане, каде што полицијата излезе на терен за наводна бесправна градба на водоводен систем.

Дејан Петрески пак, е обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје. Тој меѓу другото е назначен за обвинител кој работи на случаи повразни со напад на новинари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ