петок, 25 октомври 2024

Бивша руска агентка: Западот ги поддржува украинските напади, ја провоцира и „ја боцка мечката“

Руската пратеничка и поранешна агентка Марија Бутина денеска изјави дека Западот е вклучен во украинскиот упад на руска територија и дека ја провоцира Русија во опасна ескалација.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Соединетите Американски Држави и другите западни поддржувачи на Украина негираа дека биле претходно известени за украинскиот напад и продорите во последните денови во рускиот регион Курск.

„Секако дека се вмешани“, изјави Бутина за Ројтерс на прашањето дали е вмешан Западот. „Кога јас студирав во САД, главното правило беше: ‘Не ја боцкај руската мечка’“.

„Што прави Западот денес? Токму тоа“, рече таа. Руската мечка е еден од заштитните знаци на Русија и симбол на руската величина и моќ.

Бутина, која помина 15 месеци во американски затвор бидејќи дејствуваше како нерегистриран руски агент, а сега е пратеник на владејачката партија Единствена Русија, рече дека нападот врз Русија е акт на „меѓународен тероризам“, бидејќи била нападната цивилна инфраструктура.

„Тие се обидуваат да ја подобрат својата репутација со пролевање крв, употреба на воена сила и тероризам и тоа не е начин да се преговара“, рече Бутина.

„Нашиот одговор треба да биде на военото поле, што значи денеска да се протераат украинските сили и да се префрли одговорноста на оние што се навистина одговорни за форсирањето и ескалацијата на овој конфликт, а тоа е Западот“, рече Бутина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ