четврток, 26 декември 2024

Бивш израелски премиер: Израел ја уништи Газа, последиците за Палестинците се страшни

Поранешниот израелски премиер Ехуд Олмерт на седмиот Париски мировен форум изјави дека Израел ја „уништил“ Газа, каде што продолжува со нападите, пренесува Анадолу.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Олмерт учествуваше на панелот „Израел-Палестина: план за две држави и план за мир“ во рамките на седмиот Париски мировен форум, кој се одржа во француската престолнина.

Тој посочи дека решението за две држави што го предложил во 2008 година може целосно да го промени Блискиот Исток и животите на милиони луѓе во тој регион.

„Настаните од 7 октомври се незаборавни и непростливи, а со оглед на околностите што ја предизвикаа, војната беше неизбежна. Но, како што реков претходно, мислам дека војната требаше да престане“, рече Олмерт.

Тој посочи дека Израел го „уништил воениот капацитет на Хамас“, додавајќи дека во Газа биле убиени и невини палестински цивили.

„Ја уништивме Газа. Ужасни се и последиците врз животите на два милиони граѓани на Газа, кои не се терористи и не придонесуваат за тероризмот“, рече тој.

Олмерт истакна дека Израел треба да ги запре нападите врз Газа, да ги спаси заложниците и да ги ослободи палестинските затвореници во израелските затвори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ