Двата бренда на Бимилк, застапени во ова истражување се истакнуваат со најголема препознатливост кај потрошувачите, во споредба со сите брендови од категориите млеко и јогурт, присутни на македонскиот пазар од домашно и странско производство.
Истражувањето е спроведено кај 1.200 потрошувачи низ целата држава преку директно интервјуирање. Опфатени се брендови од домашно и странско потекло, кои се поделени во 16 категории. Категориите млеко и јогурт се едни од најконкурентните категории и со постојан раст на учесниците на пазарот.
Брендовите на Битолска млекара се издвојуваат на пазарот и заземаат значајна позиција во перцепцијата на македонскиот потрошувач како резултат на долгогодишно искуство во производството, проследено со континуирано унапредување на квалитетот, подигнување на стандардите, модернизација на технолошките процеси и следење на потребите на потрошувачите.
Истражувањето на Инсајдер ИД за препознатливоста на брендовите меѓу македонските граѓани се спроведува четири години по ред со што се следи динамиката и развојот на скалата на препознатливост. Исто така, континуитетот на истражувањето дава и значаен увид во потрошувачките навики како и приврзаност на потрошувачите кон квалитетот на производот и вредностите кои ги претставува.