четврток, 26 декември 2024

Битолски планинари го освоија врвот Ајланд Пик на Хималаите, еден од нив на 70 години

Битолскиот планинар Јоце Смилевски на 70 годишна возраст го искачи врвот Ајланд Пик (Island Peak 6.189 мнв) на Хималаите. Еден ден пред него на истиот врв се искачи и Илија Димитровски, исто така од Битола, јави деновиве битолската телевизија Тера.

Објавено на

часот

Сподели

Ајланд пик е планина во Националниот парк Сагарматха во источен Непал. Врвот го доби името Островски врв во 1953 година од страна на членовите на Британската експедиција за Еверест, бидејќи изгледа како остров во море од мраз кога се гледа од Дингбоче.

Јоце е вистински вљубеник во планината, целиот свој живот е спортски активен и во низата успеси има запишано голем број искачени врвови и освоени медали на планински трки. Инспиративна е неговата посветеност, упорност и ентузијазам и претставува позитивен пример за младите генерации.

И Илија Димитровски е голем љубител на планината и веќе има впечатлива историја на планинарски успеси. Ова е негов вторпат на Хималаите. Лани го освоил врвот Кала Патар (Kala Patthar) на височина од 5.545 метри.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ