сабота, 27 јули 2024

Битолската библиотека имаше претставување на Саемот на книгата во Лајпциг

Објавено на

часот

Сподели

„Македонскиот штанд го претставивме заедно со нашиот aвтор Живко Грозданоски. За овој проект добивме поддршка од Министерството за култура и тоа ни овозможи да бидеме заедно со 2.000 изложувачи од 40 држави. За време на саемот, беа презентирани 2.500 настани поврзани со новитетите за пролетта и бројни нови формати како што се барот за книги, форумот „Отворено општество“ и младинскиот кампус „Универзум“. Фокусот на сите средби оваа година беше, отворен збор за мирен соживот“, посочи Аземовска во изјава за МИА.

Битолската универзитетска библиотека Св. Климент Охридски со учеството на саемот на книга во Лајпциг, продолжи со интензивната меѓународна соработка и афирмација на библиотеката во странство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ