сабота, 27 јули 2024

Битолчанец силувал 14-годишно девојче

Објавено на

часот

Сподели

Тој ден девојчето, кое имало разведени родители, отишло да ја посети мајка си. Од таму телефонски се договорило попладнето да се види со свој другар. Кога излегла на улица да се сретне со него, тој донел уште едно повозрасно момче. Од таму, според нејзиниот исказ, со закани била однесена во домот на другото момче. Набргу нејзиниот другар излегол од куќата, а таа внатре останала сама со насилникот. Тој ѝ се нафрлил, држејќи ја за устата да не вика, ја соблекол и извршил полов напад врз неа. Кога девојчето се облекло за да го напушти местото, тој уште еднаш ѝ се заканил дека ќе ја убие ако каже некому за настанот. Таа излегла надвор и го повикала татко си да ја земе со возилото и да ја однесе дома. Дури по два дена му кажала за настанот и тој случајот го пријавил во полиција. На пријавениот му е одредена мерка притвор до 30 дена.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ