сабота, 27 јули 2024

Битолчанец фатен со стари монети

Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културно наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Ќ.Д. (57) од Битола.

Објавено на

часот

Сподели

Тој се сомничи за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 265 од Кривичниот законик.

На 19 jaнуари во Битола, полициски службеници од Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културно наследство, во координација со полициски службеници од СВР Битола извршиле преглед на пријавениот и во патничкото возило кое го управувал биле пронајдени и одземени две монети кои во периодот од октомври 2023 година до јануари 2024 година ги набавил на нелегален начин и без дозвола од надлежен орган.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ