сабота, 27 јули 2024

Битола и Ресен денеска, а Скопје и денеска и утре под посебен сообраќаен режим

На подрачјето на Ресен и Битола денеска поради присуство на владини делегации од државата и странство, ќе биде применет посебен режим во сообраќајот со запирање на сите возила и пропуштање на службените возила со првенство на минување, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Во Скопје пак, поради денешната посетата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и поради пристигнувањето на поголем број на странски делегации, заради утрешниот неформален лидерски состанок на НАТО сојузниците од регионот, исто така ќе има посебен сообраќаен режим.

Објавено на

часот

Сподели

„СВР Битола ги известува граѓаните дека во времето од 8 до 18 часот ќе биде применет посебен сообраќаен режим со цел непречено и безбедно одвивање на закажаните настани за одбележување на годишнина од одржувањето на Битолскиот Конгрес и унифицирањето на албанската азбука, и за таа цел СВР Битола ќе воспостави посебен режим на сообраќај“, информира битолската полиција.

Во Битола за сообраќај ќе бидат затворени улиците Билбил камен, Довлеџик, булеварот Први Мај ќе биде затворен од двете страни до крстосница со улица Столарска, улица Добривоје Радосављевиќ, Лазо Трповски, Рузвелтова, Никола Тесла и улицата Димитар Илиевски Мурато што се наоѓа во строгиот центар на градот.

СВР Битола апелира учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќајот.

Што се однесува до Скопје, од МВР информираат дека денеска и утре, поради пристигнувањето на поголем број на странски делегации, ќе има посебен сообраќаен режим на поширокото градско подрачје.

„Во вторник и среда (21 и 22 ноември), Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото градско подрачје. За таа цел Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците“, известуваат од МВР. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ